Политика за приватност и безбедност
Оваа Политика за приватност има за цел да ја заштити вашата приватност и да ви обезбеди сигурно и безбедно искуство при користење на нашата веб страна и при купување на нашите производи.
Оваа политика се однесува на сите податоци собрани преку нашата веб страна и преку нашата комуникација со клиенти.
Со користење на нашата веб страна или со доставување на ваши лични податоци, се согласувате со нивно собирање и користење во согласност со оваа политика.
МАРИСА ДООЕЛ Скопје се грижи за вашата приватност согласно со Зaконот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија", бр. 42/20 и 294/21).
Кои податоци ги собираме?
Ги собираме податоците кои вие доброволно ни ги доставувате, како и информации од користењето на веб страната, вклучувајќи:
• име и презиме
• адреса и контакт податоци
• е-пошта и телефон
• податоци за плаќање
• навики и преференци при купување
Овие податоци се добиваат при регистрација, нарачка, додавање производи во кошничка или комуникација со нас.
Како ги користиме податоците?
Вашите податоци ги користиме за:
• обработка на нарачки и плаќања
• подобрување на корисничкото искуство
• комуникација и поддршка
• маркетинг (со ваша согласност)
Безбедност на податоци
Пристапот до личните податоци е ограничен само на овластени лица.
Користиме безбедносни мерки како:
• SSL енкрипција
• заштитени сервери
• контролирани пристапи
Иако вложуваме максимални напори за заштита, ниту една интернет комуникација не е целосно безбедна. Во случај на безбедносен инцидент, ќе бидете навремено известени.
Колачиња (Cookies)
Користиме колачиња за:
• подобро функционирање на веб страната
• паметење на вашите преференци
• анализа на користење
Можете да ги исклучите преку вашиот прелистувач, но тоа може да влијае на функционалноста.
Ваши права
Имате право да:
• пристапите до вашите податоци
• побарате измена или бришење
• ограничите користење
Дополнително
Ве советуваме да ги чувате вашите лозинки и лични податоци безбедни при користење на интернет.
Содржината на оваа веб страна е заштитена и не смее да се користи без дозвола.